Маск купи удел во Твитер за 3 милијарди долари- акциите веднаш пораснаа

63

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа Twitter, се вели во соопштението на Американската комисија за хартии од вредност (SEC).

Веста веднаш предизвика раст на акциите на Твитер за околу 25 отсто на Волстрит при тргувањето пред официјалното отворање на берзата, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Маск купи 73.486.938 акции на Twitter на 14 март во вредност од 2,89 милијарди долари, според SEC.

Основачот на Тесла е редовен корисник на Твитер со повеќе од 80 милиони следбеници, иако неодамна изјави дека „сериозно размислува“ да основа нова социјална мрежа.

Кон крајот на минатиот месец, тој ги праша следбениците на Твитер за нивното мислење за платформите на социјалните медиуми кои ја промовираат слободата на говорот.

„Слободата на говор е суштинска за функционирањето на демократијата. Дали мислите дека Твитер ригорозно се придржува до овој принцип? Дали има потреба од нова платформа?“, ги праша Маск своите следбеници на таа социјална мрежа, потсетува Би-Би-Си.