Маск најави дека Tesla ќе произведува роботакси

84

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, изјави дека компанијата ќе прави роботакси, а следната година ќе започне со производство на три нови возила, пренесе Асошиејтед прес.

Маск не кажа детали за робот-таксито, освен дека „ќе изгледа прилично футуристички“.

Тој најави дека Tesla следната година во својата нова фабрика во близина на Остин, Тексас ќе започне со производство на пикапот Cybertrack, по што ќе започне со производство на нов роудстер и електрична полуприколка.

Тој истакна дека компанијата би можела да започне со производство на роботи во 2023 година.

„Следната година ќе има огромен бран на нови производи“, рече Маск.