Маск нема да ги продава своите Биткоини

62

Илон Маск, најбогатиот човек во светот, откри кои средства мисли дека е добро да се чуваат кога инфлацијата е висока, велејќи дека нема да ги продава своите BTC, ETH и DOGE.

Маск на Twitter откри дека компанијата со која раководи – Tesla е под притисок од зголемената инфлација. Тој, исто така, ги сподели своите ставови за тоа кои средства е најдобро да се поседува кога инфлацијата расте.

Во неодамнешниот твит, човекот зад Tesla и SpaceX рече дека и двете компании се под притисок од зголемената инфлација, што доведува до високи цени на суровините.

Маск објави напис во „Фајненшл тајмс“ во кој зборува за фактот дека светските цени на суровините ќе го забележат најголемотo неделно рели по повеќе од 50 години како резултат на војната меѓу Русија и Украина.

Високата инфлација се рефлектира и во американскиот индекс на потрошувачки цени. Бирото за труд статистика на земјата ги објави бројките на 10-ти март, а индексот, кој главно се користи за мерење на инфлацијата, достигна 7,9%, највисоко во последните децении.

Под објавата на Маск, извршниот директор на MicroStrategy, Мајкл Сејлор коментира:

„Потрошувачката инфлација во американски долари ќе продолжи во близина на историски највисоки нивоа, а инфлацијата на средствата ќе се удвои од потрошувачката инфлација. Послабите валути ќе паднат и ќе се интензивира бегството на капиталот од готовина, долг и акции кон средства како што е Bitcoin“.

Маск рече дека не е изненадувачки што Сејлор „дошол до тој заклучок“. Според него, компанијата на Сејлор поседува над 125.000 BTC и тој е еден од најгласните поддржувачи на криптовалутите.

Сепак, Маск ги сподели и своите размислувања за тоа кои средства според него треба да се чуваат во сегашната ситуација.

„Како општ принцип, за оние кои бараат совет на оваа тема, обично е подобро да поседуваат физички работи како што се дом или акции во компании за кои мислите дека прават добри производи отколку долари кога инфлацијата е висока“, посочи претприемачот.

Тој, исто така, рече дека сè уште поседува и не планира да ги продава своите Bitcoin, Ethereum и Dogecoin.