Mаск објави дека некои производи од Tesla може да се купат со dogecoin

115

Некои производи на Tesla може да се  платат со дигиталната валута dogecoin, објави денеска на својот Твитер профил, Илон Маск, извршниот директор на овој производител на електрични автомобили.

Производите како Cyberwhistle и Cyberquad for Kids би можеле да се купат со помош на оваа криптовалута, пишува на веб-страницата на Tesla.

Маск објави на Твитер во декември дека Тесла ќе прифати плаќање за стоки на пробна основа со dogecoin.