Маск од Starlink очекува пола милион корисници за една година

76

Милијардерот Илон Маск изјави дека неговата сателитска интернет услуга, Starlink брзо расте и очекува бројот на корисници да достигне пола милиони во текот на следните 12 месеци, пренесува Ројтерс.

“Starlink сега има повеќе од 1.500 сателити и функционира во 10-тина земји, ширејќи се секој месец“, рекол првиот човек на Tesla.

Starlink, група од сателити што нудат брза врска за луѓе кои живеат на оддалечени места, веќе нуди пробна услуга, а Маск за оваа година планира глобално покривање на целиот свет.

Фото: Pixabay