Маск официјално стана сопственик на Твитер и отпушти неколку врвни директори

121

Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите.

По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања, пренесува Ројтерс.
Маск рече дека сака да ги „победи“ спамботови и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и поделби.