Маск планира да наплаќа месечна претплата на сите корисници на X

39

Сопственикот на социјалната мрежа X, позната како Twitter, Илон Маск, изјави дека планира да наплаќа претплата за користење на X на сите корисници, со цел борба против ботови.

Оваа идеја Маск ја изнесе за време на опсежен разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Се префрламе на мала месечна исплата за користење на системот Х“, му рекол Маск на Нетанјаху, според Variety.

Маск не кажа колку новиот план ќе ги чини корисниците на социјалната мрежа, ниту кои други функции ќе бидат вклучени во плаќањето. Тој посочи дека тоа ќе биде мала претплата.

Својата идеја ја објасни како најефективен начин за борба против системот на ботови. Рече дека тоа што на секоја корисничка сметка ѝ треба одредена сума пари ќе го намали интересот на оние кои формираат такви групи на луѓе. Тој, исто така, вели дека ќе биде покомплицирано за бот компаниите, бидејќи ќе им биде тешко да најдат голем број различни банкарски картички кои ќе бидат потребни за плаќање.

Моментално на X се наплаќа само сината проверена етикета која Маск ја воведе кога ја презеде компанијата и таа претплата чини осум долари.

Фото: Facebook