Маск планира големи инвестиции во Франција

27

Американскиот милијардер Илон Маск  изрази уверување дека неговата компанија Тесла во иднина ќе инвестира многу во Франција.
Маск ова го изјави на економскиот самит “Choose France” организиран од францускиот претседател Емануел Макрон во познатата палата Версај.

„Многу сум импресиониран од односот што претседателот Макрон и француската влада го имаат со индустријата“, рече Маск, шеф на компанијата за електрични возила Тесла, социјалната мрежа Твитер и вселенскиот сосед Space X.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека разговорите со Маск за инвестициите продолжуваат и додаде дека засега не сака да дава конкретни детали.

Единствената фабрика изградена од производителот на електрични автомобили Тесла во Европа се наоѓа во Берлин.