Маск понуди 41,4 милијарда долари за купување на Твитер

66

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, понуди 41,4 милијарда долари за да ја купи социјалната мрежа Твитер.

Соопштението на американскиот регулатор покажува дека Маск понудил 54,2 долари за акција на Твитер, што е 38 % повеќе од цената на акцијата на 1 април.

Тоа беше последниот ден на тргување со акциите на Твитер на берзата пред основачот на Тесла и Спејс да купи повеќе од 9 % од акциите на Твитер, што го прави еден од најголемите акционери на оваа социјална мрежа.

„Инвестирав во Твитер затоа што верувам во неговиот потенцијал да стане платформа за слобода на говор ширум светот, бидејќи верувам дека слободата на говор е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во писмото до претседателот на Твитер, Брет Тејлор.

Акциите на Tвитер скокнаа за 12 отсто во тргувањето пред официјалниот почеток на работното време на Волстрит, откако во средата се затворија на 45,85 долари по акција.