Маск повторно на врвот – најбогат човек во светот со 449 милијарди долари

Според најновата листа на американската агенција Блумберг, најбогат човек во светот е сопственикот на компаниите Тесла, СпејсИкс и социјалната мрежа Икс, Илон Маск, чие богатство моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).

Основачот на компанијата Оракл, Лари Елисон е на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека на третото место е основачот на компанијата Амазон, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

На четвртото и петтото место се коосновачите на Гугл, Лари Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).