Милијардерот Илон Маск со своите следбеници на Тwitter ја сподели својата загриженост за како што смета, “потенцијално најголемиот ризик за иднината на цивилизацијата“.
Шефот на Tesla и SpaceX е загрижен за можното стопирање на растот на човековата популација, па на Тwitter споделил извештај од Wall Street Journal (WSJ), во кој се наведува дека растот на американската популација сопрел.
“Намалувањето на популацијата потенцијално претставува најголем ризик за иднината на цивилизацијата“, навел Маск и така се приклучил на оние кои сè повеќе предупредуваат дека прекинот на растот на новородени може да значи пропаст на светот.
Во извештајот на WSJ се наведува дека американската популација во периодот од јули 2019 до јули 2020 година пораснала за само 0,35%, најнизок раст во историјата, за што во голема мера е виновна и пандемијата на коронавирусот.
Ако трендот продолжи, забавувањето на популацискиот раст би можело негативно да се одрази на американската, а со самото тоа и на светската економија, бидејќи намалениот број на работна сила со време може во САД да доведе економската криза, односно инфлација и стагнација.
Маск наведува дека стагнацијата во растот на популацијата е проблем кој би можел крајно да ја отежне можноста на човештвото да стане интерпланетарна цивилизација, што е една од неговите животни цели.
“На Марс му се потребни луѓе. Луѓето се старатели на другите облици на живот на Земјата. Да го однесеме животот на Марс“, порачал Маск.
Корисници на Тwitter одговорија на објавата на Маск, при што многумина го поддржаа. Но, има и такви кои не се согласуваат со него и посочуваат дека всушност “постојниот финансиски систем е најголем ризик за иднината на цивилизацијата“.
Фото: Facebook











