Маск продаде нов пакет акции на Tesla

71

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, продаде уште 934.091 акции на овој производител на електрични возила во вредност од 1,01 милијарда долари за да ги плати своите даночни обврски.

Според Ројтерс, обврските се поврзани со користење на опции за купување на 2,1 милиони акции, според регулаторните поднесоци, предадени во четвртокот.

На почетокот на ноември, најбогатиот човек на светот на Twitter објави дека ќе продаде 10 отсто од своите акции доколку корисниците на платформата го поздрават тоа. И повеќето од нив се согласиле со продажбатa.

До 8 ноември, Маск користел опции за купување на 10,7 милиони акции и продаде 10,1 милиони акции за 10,9 милијарди долари.

По серијата опции, Маск се уште има опција да купи уште 10 милиони акции по цена од по 6,24 долари, која истекува во август следната година.