Маск продава уште 1 милијарда долари акции на Tesla, размислува да се прошири во Европа

35

Илон Маск продаде дополнителни 934.091 акции за 1,05 милијарди долари, според регулаторните документи на американската Комисија за хартии од вредност, објавија американските медиуми. Според информациите, продажбата е направена за покривање даноци. Маск веќе префрлил околу 9,2 милиони акции и собрал приближно 9,9 милијарди долари приход.

Потсетуваме дека на 7 ноември Маск ги анкетираше своите 64 милиони следбеници на Твитер дали да продаде 10% од своите акции. Нешто помалку од 58% од 3,5 милиони испитаници рекле дека треба да продава.

За да го достигне овој праг, Маск ќе треба да продаде околу 17 милиони акции или околу 1,7% од акциите на компанијата.

Основачот на Tesla во вторникот изјави дека неговата компанија би можела да го прошири својот удел на пазарот во Европа за да произведе компактен електричен автомобил.

„Можеби има смисла во Европа да се направи, претпоставувам, компактен автомобил, можеби хечбек или слично“, рече Маск на европската онлајн-конференција за батерии организирана од германската влада.

Тој додаде дека „за разлика од Европа, автомобилите во САД се поголеми поради лични причини за вкус. Во Европа луѓето имаат тенденција да имаат помали автомобили“.

Маск истакна дека има некои проблеми со паркирањето електричен автомобил Tesla Model X со должина од пет метри во германската престолнина Берлин.