Првиот човек, кој доби мозочен имплант од компанијата за медицинска технологија на Илон Маск, „Неуралинк“, се чини дека целосно закрепна и може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, рече Маск.
„Напредокот е добар досега и се чини дека пациентот целосно закрепнал, со невролошки ефекти за кои сме свесни. Пациентот може да го движи глувчето околу екранот користејќи ги само своите мисли“, објави Маск на платформата на социјалните мрежи Х.
Тој рече дека „Неуралинк“ сега се обидува да го натера пациентот да направи што повеќе кликови со глувчето. Компанијата не одговори веднаш на барањето на „Ројтерс“ за дополнителни детали.
Компанијата го вгради имплантот во мозокот на својот прв човечки пациент во јануари по добивањето одобрение во септември.
Имплантот на „Неуралинк“ е дизајниран да им овозможи на луѓето да ги контролираат своите мисли преку паметен телефон или друга технологија.
Во мај „Неуралинк“ беше одобрен да го користи имплантот во клиничко испитување на луѓе откако претходно беше тестиран на мајмуни.
Имплантот се состои од 1.024 електроди, кои роботот ги поврзува со мозокот со помош на игла. „Неуралинк“ бараше пациенти со тетраплегија – парализа на нозете и рацете, за клиничкото испитување.
Кога луѓето почнуваат да се движат, одредена област од мозокот станува активна. Електродите ги фаќаат овие сигнали, што треба да биде доволно, на пример, да се замисли движење за да се контролира курсорот на компјутер.
Дури и во случај на успешни операции може да поминат месеци за пациентот да научи да го контролира компјутерот со своите мисли. Планирано е клиничкото испитување „Неуралинк“ да трае шест години.
Истражувањата за ваквите врски на мозокот и компјутерот траат со години, а на луѓето веќе им се вградени разни импланти.
Маск има големи планови. Тој рече дека сака да овозможи лекување состојби, како што се дебелина, аутизам, депресија и шизофренија со помош на брзи хируршки импланти.