Маск првпат во Давос: САД можат да произведат доволно соларна енергија за да ги задоволат потребите за струја

Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, изјави дека САД можат да произведат доволно сончева енергија за да ги задоволат сите свои потреби за електрична енергија.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, тој истакна дека се осврнува и на задоволувањето на зголемената побарувачка за електрична енергија поради проширувањето на енергетски интензивните центри на големите технолошки компании.

„Можете да земете мал агол од Јута, Невада или Ново Мексико, многу мал процент од површината на Соединетите Американски Држави, за да ја генерирате целата електрична енергија што ја користат САД“, додаде Маск.