Маск сака да ја прошири фабриката во Германија

36

Фабриката во близина на Берлин штотуку започна со работа, а во Tesla веќе прават планови за проширување на фабриката.

Компанијата во сопственост на Илон Маск, Tesla официјално поднесе барање за процес на проширување на производствената локација во Германија. Популарниот бренд на електрични автомобили продолжува да го зголемува својот капацитет за производство на возила на глобално ниво.

Ова барање на адресата на локалните германски власти пристигнува веднаш по официјалното отворање на фабриката во таа земја. Имено, Tesla бара да и се дозволи да купи уште 100 хектари земјиште источно од сегашната локација, пренесува Auto Republika.

Доколку биде одобрено, американската компанија ќе поседува вкупно 400 хектари земјиште за своите погони во Германија.

Па, кои се плановите на Тесла за тоа дополнително земјиште? Пред се, сакаат да додадат повеќе магацини, простор за логистика, нови станици за полнење електрични четири тркала, но и паркинг места за работниците во комбинатот.

Инаку, Tesla овде го започна производството на Model Y, автомобил за кој Илон Маск верува дека ќе биде најпродаваниот на планетата. Според првичните планови, кога фабриката во близина на германската престолнина ќе го достигне својот максимум, американската марка годишно на оваа локација ќе инсталира околу половина милион возила.