Маск сакал да ја продаде Tesla на Apple

84

Илон Маск на Тwitter во вторникот објави дека се обидел да ја продаде Теsla “за време на најмрачните денови од неговата програма Мodel 3“, но дека извршниот директор на Apple, Тим Кук, ја одбил средбата.

Маск ова го рече како одговор на соопштението на Ројтерс дека Apple планира да развие свои електрични автомобили и батерии до 2024 година.

“Го побарав Тим Кук да разговара за можноста Apple да го преземе Теsla, рече Маск преку твит.

“Тој одби да дојде на состанокот“, додаде тој.

Маск на Тwitter изјави дека извештајот на Ројтерс е “чуден, ако е точен“, а во друг твит додаде дека се обратил на Кук со идеја за можна продажба во текот на првите денови од програмата на Теsla за Model 3, што се појави на пазарот во 2017 година.

Фото: Facebook