Сопственикот на Tesla, Елон Маск, изјави дека неговата цел е неговата компанија до крајот на годината да ја развие технологијата што ќе му овозможи на електричниот автомобил да се контролира сам додека вози и дека сè може да биде на продажба во САД, веројатно и во Европа, во зависност од одобрението на регулаторните тела.
„Двете технологии на кои сум фокусиран, а кои се обидувам да ги завршам пред крајот на годината, се да ја испратиме нашата ракета во орбитата, а потоа да направиме автомобили на Tesla што ќе можат да возат автоматски“, рече Маск на енергетскaтa конференција во Ставангер, Норвешка, објави Ројтерс.
Тој, меѓу другото, рече дека неговата цел е до 2025 година повторно да има човек на Месечината.