
Американскиот технолошки милијардер Илон Маск изјави дека се надева дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа.
Маск, советник на Трамп, кој работеше на намалување на државните трошоци на САД, зборуваше преку видео врска на конгресот на италијанската десничарска партија Лига во Фиренца, објави Ројтерс.
„Се надевам дека ќе се согласат дека и Европа и САД ќе се движат, барем според мене идеално, кон систем без царини, кој во суштина би создал слободна трговска зона меѓу Европа и Северна Америка“, рече Маск.
Тој додаде дека заедно со укинувањето на царините треба да се овозможи полесно движење на луѓето меѓу континентите.
„Јас сум и за поголема слобода за луѓето да се движат меѓу Европа и Северна Америка доколку сакаат. Тоа, на крајот на краиштата, беше мојот совет до претседателот“, рече Маск.
Според Би-Би-Си, се чини дека ова е првата изјава на Маск за царините, откако Трамп најави нови (за некои земји и големи) царини за стоки од речиси целиот свет.
Маск ја искористи можноста да ги критикува регулативите на ЕУ, велејќи дека тие го задушуваат претприемништвото.
„Поради строгите европски регулативи, Европа не е добро место за започнување нов бизнис“, рече Маск.
Фото; Printscreen Youtube