Маск се повлекува -Твитер ќе го води жена

22

Американскиот претприемач и еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск, рече дека нашол нова извршна директорка која ќе го преземе Твитер, неколку месеци откако првпат вети дека ќе се повлече од функцијата.

Тој не прецизираше точно име и презиме, само дека се работи за жена и дека ќе почне да работи за 6 недели.

„Станувам извршен претседател и технички директор за да ги надгледувам производите, софтверот и системите“, додаде тој.

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 година.

Фото: Facebook