Твитер сè уште е во нето дефицит поради речиси преполовените приходи од реклами и големиот долг, објави Илон Маск.
Во март, сопственикот на Твитер процени дека готовинскиот тек може да го промени својот знак и дека до крајот на јуни би можеле да забележат вишок, потсетува Ројтерс.
Во соопштението од неделата, Маск не прецизираше во кој период приходите од реклами се намалени на половина, само рече дека не пораснале како што се очекуваше во јуни.
Јули може да биде подобар, додаде тој.
Објавата сигнализира дека приходите од реклами на Твитер можеби не се опоравиле толку брзо како што Маск посочи во априлското интервју за Би-Би-Си, велејќи дека повеќето огласувачи се вратиле, шпекулира Ројтерс.
Според Маск, приходите на Twitter ќе изнесуваат три милијарди долари оваа година, што значи дека ќе бидат за една третина помалку од 2021 година.
Откако го купи Твитер за 44 милијарди долари, Маск отпушти илјадници вработени.