Маск собра 200 милијарди долари и повторно е најбогатиот човек во светот

32

Илон Маск стана третата личност во светот која некогаш поседувала повеќе од 200 милијарди долари. Ова се случи на почетокот на неделата откако пораснаа акциите на компанијата за електрични автомобили Теsla. Покрај тоа, Маск повторно го презеде престолот на најбогатиот човек во светот според рангирањето на Форбс.

За првпат, основачот на Аmazon и „вселенскиот ривал“ на Маск, Џеф Безос, достигна богатство од 200 милијарди долари во август 2020 година. Неговиот пример го следеше магнатот Бернард Арно, но за кратко минатиот месец.

Акциите на компанијата за електрични автомобили Теsla го продолжија четиримесечното рели, затворајќи вчера прицена од повеќе од 791 американски долари, што е највисоко ниво од февруари оваа година. Маск заработи 3,8 милијарди долари во понеделникот, а неговото богатство вредеше 203,4 милијарди долари на затворањето на пазарите.

Го надмина Безос, чие богатство се намали за 1 милијарда долари истиот ден (на 197,7 милијарди долари) поради падот на акциите на Аmazon од 0,6 проценти.

Ексцентричниот Маск сега е уште побогат отколку што беше во најдобрите денови на Теsla- во јануари. Тогаш за кратко време за првпат стана најбогатиот човек на светот, кога неговиот удел во Теsla се зголеми на околу 53 милијарди долари. Маск поседува повеќе од една петтина од Теsla.

Како што е познато, состојбата на Маск е силно поврзана со неговата сопственост во Теsla и SpaceX. Вселенската компанија беше проценета на 74 милијарди долари по круг на финансирање во февруари.