
Бидејќи инфлацијата расте со стапка што не е забележана со децении, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, рече дека поседува физички средства, а не готовина.
Во твитот основачот на Tesla рече: „Како општ принцип, за оние кои бараат совет на оваа тема, генерално е подобро да поседуваат физички предмети, како што се куќа или акции во компании за кои мислите дека прават добри производи, отколку долари кога има висока инфлација, пишува CNBC.
И покрај тоа, Маск рече дека се држи до криптовалутите.
„Сè уште го поседувам и нема да го продадам мојот биткоин, етериум или доџ“, додаде тој.
Најважната порака на Маск е дека физичките средства се генерално најбезбедната инвестиција кога инфлацијата е висока.