Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на викендот испрати десетици вработени во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) на административно отсуство.
Двајца високи функционери кои ги надгледуваа безбедносните операции на агенцијата исто така беа ставени на административно отсуство откако одбија да ги предадат доверливите документи на службениците во Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со Илон Маск.
По одбивањето да ги предаде безбедносните документи, се огласи и Маск.
„УСАИД е криминална организација. Време е таа да умре“, рече Маск на платформата X.
Трамп нареди замрзнување на целата американска надворешна помош, велејќи дека неговата администрација ќе ги прегледа трошоците за да се осигура дека парите се распределуваат во согласност со неговата надворешна политика „Америка на прво место“, пренесува Сеебиз.