Маск во офанзива: Тесла ги намали цените на автомобилите до 20 проценти

71

Американскиот производител на електрични автомобили ја промени својата стратегија.

Американскиот производител на автомобили Тесла ги намали цените на своите електрични возила во САД и Европа до 20 отсто. Целта на компанијата е да привлече клиенти со агресивна политика за попуст и да ги подобри продажните резултати откако последните резултати не успеаја.

Овој потег може да има далекусежни последици за пазарот на електрични автомобили и, според некои аналитичари, да поттикне ценовна војна со европските и американските производители.

Ова е пресврт од стратегијата што компанијата ја користеше во изминатите две години, при што нарачките ја надминаа понудата.

Ројтерс потсетува дека Маск минатата година признал дека цените станале „срамно високи“ и може да и наштетат на продажбата.

Американските купувачи на возила на Tesla ќе бидат задоволни со попустите кои се движат меѓу 6 и 20 проценти од најпродаваните Model 3 и кросоверот Model Y, според пресметките на Ројтерс.

Основната верзија на Model Y чини 52.990 долари, во споредба со претходните 65.990 долари.