Маск заработи и изгуби 30 милијарди долари во првата недела од новата година

88

Богатството на Илон Маск осцилира во првата недела од јануари, па за само неколку дена заработил, а потоа изгубил речиси 30 милијарди долари.

Според Форбс, извршниот директор на Тесла сега е „тежок“ 271,5 милијарди долари, а пред само неколку дена, поради скокот на вредноста на акциите од 13,5 отсто, неговото богатство беше проценето на повеќе од 300 милијарди долари, за прв пат од ноември.

Форбс, сепак, наведува дека неговата заработка „дојде и си отиде“.

Маск изгуби 13,9 милијарди само во средата и уште 5,3 милијарди вчера. На затворањето на берзата вчера акциите на Тесла вредеа 11 отсто помалку од понеделникот кога беа на врвот.