Mastercard го менува своето лого

47

mastercard

Еден од најпрепознатливите брендови во светот на кредитните картички – Mastercard, по 20 години го менува своето лого, пишува The Verge.

Нема голема промена во логото, туку со новиот дизајн се поедноставува неговиот изглед и полесно се забележува на мобилните уреди.

Од 1968 година се направени неколку промени на изгледот на овој банкарски бренд со кредитни картички. Во 1979 година брендот го промени името од Master Charge во Master Card, а во 1990 година буквите стануваат закосени, но црвената и жолтата боја воопшто не се променети.

Новиот идентитет на Mastercard ќе биде претставен заедно со промоција на новата услуга Masterpass на крајот на овој месец. Masterpass ги олеснува и ги прави посигурни дигиталните плаќања преку сите уреди и канали, без оглед на тоа дали се купува преку Интернет, од апликација или во продавница со помош на безконтакнта технологија.