Масти што се добри за вашиот организам

54

kokos

Фото: Pixabay

Добрите масти кои се составен дел од одредени намирници се многу корисни за нашиот организам. Тие го штитат нашето здравје и нè прават сити, што игра голема улога за добрата линија.

Еве што е дозволено и препорачливо за конзумирање.

Половина авокадо

Половина од ова јужно овошје содржи 15 грама масти. Од нив 10 се мононезаситени масти кои го регулираат нивото на холестерол.

Две лажички путер од кикирики

Доколку се ограничите на само две лажички путер од кикирики, ќе внесете 16 грама масти од кои половината се мононезаситени. Со тоа ќе конзумирате и околу 4 грама полинезаситени масти кои го намалуваат ризикот од појава на дијебетес тип 2 и срцеви заболувања.

Триесет грама кокос

Скоро сите 18 грама масти кои се наоѓаат во оваа вкусна намирница се заситени. Сепак, според најновите истражувања и тие масти можат поволно да влијаат на здравјето.

12 маслинки

Оваа количина на маслинки содржи 15 грама масти од кои повеќето се мононезаситени. Освен тоа, маслинката како и другите горе наведени намирници содржат и други хранливи состојки добри за здравјето.