Matchpoint – технологија што може да го замени далечинскиот управувач

21

remote-control-2717777_960_720

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Ланкастер создадоа систем преку којшто може да се воспостави врска со екрани само преку движење со телото или мавтање со предмети, пишува Telegraph.

Технологијата е наречена Matchpoint, а потребно е само обична камера за да може да функционира. Matchpoint не се ограничува на одреден дел од телото, функционира дури и кога рацете на корисникот се зафатени, па и кога лежи на каучот.

Корисникот ги синхронизира движењата на рацете, главата или одредените објекти со цел да активира функции како глас, менување на канал или гледање на менито.

Според тим лидерот, Кристофер Кларк оваа технологија значително му го олеснува животот на корисникот.