Мате Римац планира да го преземе уделот на Порше во Бугати Римац

Мате Римац, основачот на хрватскиот производител на високо-перформансни електрични автомобили „Римац груп“, преговара за стекнување на 45 проценти од акциите на компанијата „Порше“ во заедничкото претпријатие „Бугати Римац“, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според изворите, Мате Римац сака целосно да ги преземе компаниите за да може да донесува долгорочни одлуки и да инвестира во развој без ограничувањата што ги наметнува корпоративната структура.

Тој има поддршка од меѓународен инвестициски конзорциум и приватни фондови за да ја затвори трансакцијата до крајот на следната година.

Римац ја основаше својата фирма во гаража во 2009 година, откако го претвори својот БМВ E30 во целосно електричен тркачки автомобил на батерии. Компанијата оттогаш се фокусираше на градење целосно електрични хиперавтомобили и производство на компоненти за други автомобилски компании.

Фото: facebook Mate Rimac