Мате Римац: По пет години во Хрватска официјално е регистрирана првата Nevera

215

Мате Римац, директор на компанијата Бугати-Римац, објави дека успешно е регистриран првиот хрватски електричен хиперавтомобил наречен „Nevera“.

Станува збор за многу брзо возило со четири електромотори и 1914 коњски сили, кое достигнува 100 km/h за 1,97 секунди.

Иницијаторот на целиот овој проект и директорот на компанијата што го произведува вчера на својот Фејсбук профил ги објави следните зборови: „По 5 години развој, над 1.000 луѓе во проектот, произведени 17 прототипови, 45 краш тестови, уништени 9 автомобили за време на краш тестови и илјадници други тестови – Првата Nevera денеска редовно се регистрира. Засега во Хрватска, а наскоро и во многу други земји. Еве повеќе од таа табела, дури и со печат. Ќе биде интересно да ги видиме наскоро на масите на Монако, Велика Британија, САД, Германија, Јапонија, Канада итн.“

За волја на вистината, нема да ги гледаме често бидејќи оваа компанија ќе произведе само 150 „Nevera“ по цена од два милиони евра по примерок.

Фото: Facebook