Мате Римац продаде компанија на Porsche

327

Германски Porsche купи мнозински удел во Greyp Bikes, хрватска компанија за развој и производство на електрични велосипеди, објави на социјалните мрежи Мате Римац, основачот на Greyp, а Porsche ја објави веста и на својата веб-страница.

„Отсекогаш верував дека Greyp има потенцијал да биде исклучително успешна компанија од светска класа и еден од лидерите во индустријата. Јас сум супер горд на тимот на Greyp, предводен од Крешимир Хледе, и на она што го изградија во последните 7 години. Тим од 100 луѓе недвосмислено ги создаде технолошки најнапредните е-велосипеди на пазарот, започна масовно производство во Света Недела и испорача илјадници велосипеди ширум светот. Во исто време, Greyp беше во сенката на Rimac и никогаш не можеше да процвета со својот полн потенцијал. Сега започнуваме возбудливо ново поглавје во историјата на компанијата со Porsche, која купува мнозински удел во Greyp“, објави Римац и додаде дека ќе остане малцински акционер, објави Лидер Медиа.