Math Solver, апликација за комплексни математички проблеми

Microsoft лансираше апликација Microsoft Math Solver за решавање на комплексни математички проблеми. Корисникот не мора да го внесе проблемот во апликацијата, туку доволно е да ја скенира задачата, а решавањето да го препушти на вештачката интелигенција.
Оваа апликација, исто така, нуди корисни видео туторијали што на корисниците им овозможува подобро да разберат некој математички концепт и самостојно решавање на задачи.

Math Solver апликацијата сè уште е во бета верзија, но заинтересираните може да ја тестираат.

Фото: Pexels