МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка

67

Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска ќе биде домаќин на Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и на Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово.

Во рамки на бизнис настанот, чија цел е придонес за развој на социо-економските односи меѓу Турција, Северна Македонија и Косово, ќе бидат презентирани економските показатели и можности за инвестирање во Република Северна Македонија и Република Косово, но ќе бидат дискутирани и можностите за поголема меѓусебна соработка во повеќе сектори, како и за зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји.

Настанот ќе биде заокружен со потпишување протокол за соработка меѓу MATTO, КТТО и „ЕСНАФ“.

Пред присутните, како што е најавено, ќе се обратат министерот за регионален развој на Република Косово, Фикрим Дамка, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмет Секизкок и амбасадорот на Косово, Приндон Садриу.