Македонски Телеком креираше нова понуда со која корисниците добиваат врвно корисничко искуство со најдобрата дигитална телевизија. Во рамките на понудата, корисниците ќе можат да уживаат во MaxTV и да ги следат најатрактивните спортски и филмски тв канали шест месеци бесплатно.
Понудата важи за сите корисници коишто ќе потпишат нов договор за 3 Max, 3 Max Optic и Family box. Корисниците освен дигиталната MaxTV, со најновата понуда на Македонски Телеком бесплатно ќе можат да ги гледаат најбараните тв канали од Max Sport +, HBO и Max XXX пакетите, зависно од 3 MAX пакетот што го избрале.
Со оваа единствена понуда, во рамките на HBO пакетот (HBO Home office, HBO Comedy и HBO on demand) корисниците ќе уживаат во најновите блокбастери, хит серии и оригинални хит продукции, како и во неограничен пристап до повеќе од 200 филмови и серии месечно. Љубителите на спортот пак, со Max Sport + пакетот ќе ги гледаат омилените првенства и натпревари на Arena и Sport klub каналите. Во рамките на Max XXX пакет за возрасни влегуваат Playboy Tv, Brazzers TV Europe и French Lover TV.
По истекот на шест месеци, корисникот повторно може да ги активира дополнителните пакети со редовен месечен надомест. Понудата трае до 31 март.