Мазда затвори две фабрики во Јапонија

155

Јапонскиот производител на автомобили Мазда одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант.

Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на Мазда. „Проблемите со снабдувањето се поради студеното време во источна Северна Америка“, се наведува во известувањето.

Во јуни 2021 година, Мазда беше принудена да затвори една од своите јапонски фабрики на 10 дена поради недостиг на полупроводници за автомобили.