Фото: Facebook
Синџирот ресторани за брза храна, Mc Donald’s планира да купи технолошка компанија што ќе ѝ помогне да ја унапреди и прилагоди услугата за купување храна без да излезе корисникот од возилото.
Станува збор за компанијата Dynamic Yield, што е специјализирана за технологија за персонализација и за логика на одлучување, пишува CNBS. Оваа технологија ќе овозможи составување на дигитални drive – thru менија, коишто ќе се менуваат во зависност од временската прогноза, моменталниот промет во ресторанот и слично.
Договорот меѓу двете компании се проценува на околу 300 милиони долари.
Mc Donald’s за оваа година планира една милијарда долари за модернизирање на околу 2.000 ресторани низ САД.