McAfee Corp најави дека своето корпоративно работење ќе го продаде на конзорциум за четири милијарди долари во готовина, пренесува Ројтерс.
Оваа информација ја зголеми вредноста на акциите на компанијата за сајбер безбедност за скоро 3% во САД.
Се очекува договорот, што треба да добие одобрение од регулаторните тела, да биде финализиран до крајот на оваа година, најавуваат од McAfee.
Во текот на последните неколку години, McAfee ја зајакна својата позиција поврзана со софтвер за сајбер сигурност што се фокусира на крајните корисници.
Фото: Pexels