McCann направи парфем што стимулира креативност

25

icann_mccann

За да ја прослави 70 – годишнината во Уругвај, агенцијата McCann Montevideo го креираше парфемот I CANN Eau de Créativité, ограничена серија што ја поттикнува креативноста.

“Според нашето истражување, утврдивме дека креативноста е комплетно емоционален процес, без логика. Мирисот е моќен медиум што ги пренесува емоциите. Всушност, 75% од нашите емоции се поврзани со мириси коишто веднаш нè враќаат во специфични моменти од животот”, вели извршниот и генерален креативен директор на McCann Montevideo, Леанардо Гомез, пишува Adweek.

Овој парфем наменет и за мажи и за жени има цитрусна нота, а како што препорачуваат од агенцијата, треба да се отвори дури откако ќе добиете некаква голема идеја. На тој начин, мирисот ќе ве асоцира на тој креативен момент.