McDonald’s ги изгуби правата на заштитниот знак Big Mac

24

Фото: Pixabay

Американскиот синџир на ресторани за брза храна, McDonald’s ги изгуби правата на заштитниот знак Big Mac на подрачјето на Европската унија со оглед на тоа што европските регулатори донесоа одлука во корист на ирскиот синџир за брза храна, Supermac’s. Според тоа, името Big Mac во ЕУ ќе може да го користат и други компании, вклучувајќи го и McDonald’s, пишува Independent.

Најголемиот синџир на ресторани во светот не ја докажа неговата изворна употреба за пет години пред случајот во 2017 година да биде поднесен до надлежните тела.

Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост со седиште во Шпанија сè уште нема коментар за овој случај.