McDonald’s ги заменува играчките во Happy Meal со книги

55

920x920Ланецот за брза храна McDonald’s ги заменува своите пластични играчки од оброците Happy Meals со книги, пишува KSDK.

Оваа акција ќе трае до 15 февруари, а истата е резултат на соработката на компанијата со непрофитната организација Reading is Fundamental (Читањето е од суштинско значење).

Така, наместо досегашните популарни пластични играчки, McDonald’s ќе дистрибуира повеќе од 17 милиони книги за деца. Секоја од нив ќе биде со специјални димензии за да ја собере во оригиналната Happy Meal кутија. Брендот ќе нуди и книги на шпанска верзија на неколку локации.

Ова не е прв пат компанијата да ги замени играчките со книги. Ланецот почна да дистрибуира книги во 2013 година и до крајот на 2016 таа бројка планирано е да достигне 50 милиони. McDonald’s годинава донираше и 100.000 книги на организацијата што ја промовира писменоста.