McDonald’s ја претстави MacCoin

24

Фото: McDonalds

По повод својот 50-ти роденден американскиот синџир на ресторани за брза храна, McDonald’s, ја претстави MacCoin, првата глобална валута заснована на прехранбен артикл. MacCoin доаѓа во лимитирано издание и е инспирирана од култниот сендвич Big Mac, а обожавателите ќе може да ја видат ширум светот, веќе од утре, стои во соопштениото од компанијата.

Монетите ќе може да се делат, да се собираат и да се заменат за бесплатен Big Mac во рестораните во 50 земји во светот кои учествуваат во прославата на 50-тиот роденден на култниот сендвич. Љубителите на Big Mac ќе може да ја освојат монетата по пат на наградна игра во земјите учесници.

MacCoin нема новчана вредност и може да се искористи за само еден бесплатен сендвич.

Од компанијата напоменуваат дека The Economist веќе го воведе Big Mac Index, економска алатка за споредување на куповната моќ на меѓународните валути користејќи ја цената на Big Mac во земјите во кои се продава. Создавањето на MacCoin е поттикнато токму од глобалното поврзување кое Big Mac го овозможува.

Во повеќе од 50 земји ширум светот ќе бидат дистрибуирани 6,2 милиони монети. Дизајнот на монетата доаѓа во пет единставени облици, претставувајќи по една деценија од животот на Big Mac. Секој дизајн на MacCoin повлекува елементи од одреден историски период реферирајќи на уметноста, музиката и поп културата на една страна, додека на другата страна на монетата се слави 50-годишницата на Big Mac.