McDonald’s за три месеци оствари 2,22 милијарди долари добивка

60

Продажбата на McDonald’s во второто тримесечје беше зголемена балгодарение на ублажените рестриктивни мерки поради пандемијата и популарноста на новиот оброк инспириран од јужнокорејската поп група ВТЅ, што резултираше со нето добивка од 2,22 милијарди долари или четирипати повеќе во однос на истиот период лани.

Вкупните приходи пораснаа за 57% на 5,89 милијарди долари во тримесечјето што заврши на 30-ти јуни, во однос на истиот период лани кога McDonald’s имаше пад на приходите за 30% поради рестриктивните мерки.

Продажбата во објектите постари од една година се зголеми за 40,5% во второто тримесечје од фискалната година и го надмина нивото од 2019-та година, што се случува второ тримесечје по ред.

Во изминатата година, синџирите на ресторани за брза храна ги надминаа последиците со прилагодување на објектите, конкурентни цени и фокус на основни ставки во менито.

Скокот на продажбата на McDonald’s со новата понуда на менито, особено со популарниот оброк со ВТЅ и сендвичите со пилешко месо претставени во САД, му помогнаа подобро работи иако имаше недостиг на работна сила во целата индустрија и повисоки трошоци за намирниците.

Оброкот инспириран од поп групата, што е номинирана за Греми, е претставен во скоро 50 земји во светот и вклучува пилешки McNuggets, пржени компирчиња и два вида на соса. Лансирање на лимитираниот оброк предизвика голем интерес особено кај помладите што ја сакаат групата. Продажбата во рестораните постари од една година во САД се зголеми за 25,9% во однос на истиот период лани кога продажбата беше погодена од рестриктивните мерки воведени заради пандемијата. Во споредба со 2019 година, американската продажба се зголеми во второто тримесечје за скоро 15%.

Фото: Pexels