Мебел – Ви отвори продажно – изложбен салон во Битола

481

Slika - Salon Btiola 2

Тргнувајќи од определбата да понуди врвен квалитет, достапен производ за секого, како и поставената мисија да се доближи понудата до крајните корисници, Мебел – Ви го отвори новиот продажно – изложбен салон во Битола.

“За таа цел решивме да понудиме нов концепт на продажба и купувачко искуство. Големиот продажен центар со површина од 2.300 метри квадратни, сега станува место за секој кој бара исклучителен квалитет, достапна цена и голем избор. На една локација може да се најде целокупниот асортиман на производи на Мебел – Ви, како и производите од ексклузивната колекција на брендот Mondivi“, стои во соопштението.

Салонот, којшто сега функционира како централен продажен објект на групацијата Мебел – Ви во тој дел од Македонија, ќе ги покрива регионите на Битола, Ресен, Охрид и Струга и со тоа ги исполнува барањата на купувачите од тој регион. Во самиот салон ќе биде достапна и понудата на душеците за спиење Allegro, како и производи од економичниот сегмент, брендот Статус.

Салонот е лоциран на Краварски пат (пат кон Меџитлија). Ќе има многу изненадувања, попусти и промоции по повод отворањето коишто ќе трат до крајот на оваа недела. Салонот е отворен од 8:00 до 20:00 часот од понеделник до сабота.