Мебел-Ви прославува 18 години постоење на македонскиот пазар

176

MebelVi-logo

Производителот на мебел Мебел-Ви од Виница прославува 18 години од своето постоење на македонскиот пазар.

“Приказната за Мебел-Ви започнува во 1997 година во Виница, како проект кој треба да внесе свежина, иновација и квалитет на тогашниот пазар за мебел во Македонија. Сопствениците, кои располагаа со огромен претприемачки дух и големо познавање на индустријата за мебел, решија да го создадат Мебел-Ви – компанија која сега веќе цели 18 години ужива доверба од корисниците и нуди препознатлив квалитет. Главните столбови врз кои тогаш се постави компанијата сè уште претставуваат водечки определби врз основа на кои Мебел-Ви се развива и расте, а тоа се – квалитет без конкуренција, единствено купувачко доживување, мотивиран и професионален тим и секако искрена комуникација и грижа за корисниците“, се вели во соопштението на компанијата.

Реакциите и позитивните сигнали кои, како што се наведува, ги добиваат од првите корисници, кои и денес со задоволство купуваат во нивните салони, само ја зголеми желбата и потребата од континуиран развој на самото производство и зголемување на присуството на Мебел-Ви на пазарот.

“Оттаму, по 18 години, Мебел-Ви е присутен во речиси цела Македонија. Заклучно со последниот отворен салон за мебел во Прилеп, Мебел-Ви поседува седум екслузивни салони за мебел со вкупна изложбена површина од скоро 13.000 метри квадратни. Производните линии, сместени на површина од околу 20.000 метри квадратни, постојано се осовременуваат следејќи ги светските трендови и достигнувања во областа на производство на мебел. Оваа година Мебел-Ви ја пушти во употреба и најновата линија опремена со машини за прецизно кроење на штоф и природна кожа, најнови машини за кроење на иверица и повеќенаменски CNC машини за бушење“, се вели во соопштението.

Следејќи ги барањата, интересите и желбите на своите купувачи како и светските трендови, го разделивме нашето портфолио на економик, стандард и премиум сегмент. Секој од сегментите содржи производи кои имаат препознатлив квалитет и дизајн инспириран од самите наши купувачи. Веќе популарните комплетни производни решенија – спални, детски, дневни и трпезариски комплети, кои како идеја ги започна Мебел-Ви направија вистински бум на пазарот за мебел и нудат практично решение за целиот дом.

Mondivi

“Долгогодишното искуство во дизајнирањето и производството на мебел нè натера да создадеме нешто ново – еден целосно нов концепт на нашиот пазар. Идејата е да се понуди бескомпромисен квалитет, материјали од врвни производители од светот, дизајн создаден од авангарден дизајнерски тим и услуга која подразбира целосно задоволство на нашиот купувач. Така се роди MONDIVI брендот, кој веќе почнува да го зазема своето место на нашиот пазар и претставува предвесник на пазарните трендови во Македонија. MONDIVI брендот нуди целосни и практични решенија за своите клиенти и веќе опфаќа голем број аголни и седечки гарнитури, лежаи, клуб и тв програм, како и трпезариски програм“, се вели во соопштението на производителот на мебел.

По повод 18-от роденден, Мебел-Ви ги поканува клиентите во нивните салони на многу подароци, изненадувања и 18% попуст до крајот на месецот.