Медијатор – српски сервис за посредување во спорови

22

mediation

Во Србија од неодамна функционира сервисот Медијатор, прв кој пружа услуги на медијација на Балканот. Овој сервис го стартуваше првата генерација од Правната клиника за медијација на Правниот факултет во Белград, пишува еКапија.

На сајтот засега можат да се добијат бесплатни правни услуги од областа на алтернативно решавање на судски спорови, а понатаму сервисот ќе пружа професионална услуга на избор медијатор и адвокат.

Медијација е посредување во решавање на спорови и претставува постапка во која страните настојуваат доброволно да го решат спорот со помош на еден или повеќе медијатори преку преговори.