Медикус Хелп ја одбележува 25 годишнината од своето постоење. По повод јубилејот, се ребрендиравме со цел да се доближиме до потрошувачите. Го проширивме асортиманот на производи и ги создадовме новите подбрендови Medicus ortho, Medicus care, Medicus active и Medicus Woman за да им помогнеме на своите клиенти да го одберат вистинското решение за нивните потреби.
Во одбележувањето на 25-тиот роденден ја отвoривме ребрендираната продавница во Капиштец. Сите потрошувачи, на едно место, ќе може да најдат ортопедски производи, производи за олеснување на движењето и за нега во домашни услови, спортска и фитнес опрема како и производи за жени по операција на дојка.
За Медикус Хелп
Пред 25 години Компанијата Медикус Хелп започна со работа како мала ортопедска фирма со една продавница, а денес прераснавме во сериозна компанија со малопродажна мрежа од девет специјализирани продавници низ земјава. Со јасна визија и комплетна посветеност станавме компанија која ужива голема доверба кај своите потрошувачи. Особено сме горди на потврдите од над илјадници потрошувачи дека сме успеале во нашата цел, да им овозможиме да ја вратат својата мобилност и да им го олесниме движењето.
Успехот на Медикус Хелп се должи на загарантираниот квалитетот на производите како и на континуираната едукација на вработените, кои во секое време се подготвени да го понудат вистинското решение за секој проблем.
Сега пред нас е уште еден голем предизвик – да го одржиме тоа што го постигнавме и да бидеме уште подобри. За нас, довербата на нашите потрошувачи / клиенти е голема обврска, но и инспирација да продолжиме да вложуваме и да го нудиме најдоброто за нив.
И во иднина ќе продолжиме со истата мисија, да го подобриме секојдневието на лицата кои имаат здравствени проблеми како и оние кои активно се грижат за своето здравје. Преку висококвалитетните производи од светски реномирани компании и континуирана едукација на персоналот, ќе се трудиме да обезбедиме подобро здравје за секој наш клиент.