Медиобанка понуди 6,3 милијарди евра за Банка Генерали

Италијанската Медиобанка (Mediobanca) понуди 6,3 милијарди евра за купување на својот домашен конкурент, Банка Генерали (Banca Generali) и изјави дека со ова спојување сака да создаде лидер на европскиот пазар.

Операцијата за спојување би ѝ овозможила на „Групацијата Медиобанка да се трансформира во лидер во управувањето со богатство со средства под управување од 210 милијарди евра, приходи од 2 милијарди евра и капацитет за раст од повеќе од 15 милијарди евра годишно“, се додава во соопштението објавено од ANSA.

По трансакцијата, во сегментот за управување со средства на Медиобанка, приходите ќе се удвојат на две милијарди евра, што е 45 проценти од консолидираните приходи, а нето добивката ќе се зголеми четири пати на 0,8 милијарди евра, што е 50 проценти од профитот на Групацијата.

Според сопствените зборови, Медиобанка ќе го финансира ова преземање со продажба на своите акции во Assicurazioni Generali, најголемата италијанска осигурителна компанија контролирана од Банка Генерали.

Понудата на Медиобанка претставува премија од 11,4 проценти во споредба со цената на затворање на акциите на Банка Генерали во петокот, кога пазарната капитализација на банката изнесуваше 5,7 милијарди евра, објавија медиумите.

Акционерите на Медиобанка ќе гласаат за предложеното преземање на состанокот закажан за 16 јуни.

Според податоците од Миланската берза, акциите на Банка Генерали пораснаа за 9,6 проценти по отворањето, а акциите на Медиобанка за еден процент.