Медлин Олбрајт се откажува од Пошта и Телеком Косово

34

Компанијата на поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт, според пишувањето на приштинскиот весник Зери, се повлекува од приватизација на Пошта и Телеком Косово (ПТК).

Како што пишува Зери, компанијата Капитал менаџмент на чие чело е Медлин Олбрајт се повлекла од трката за ПТК од економски причини. Од друга страна, пак, од Министерството за економски развој велат дека засега немаат никакви иникации за повлекување на оваа компанија.

Неодамна Њујорк Тајмс пишуваше дека во трката за ПТК се две американски компании што ги водат поранешни американски државни службеници, компанијата на поранешниот државен секретар Олбрајт и компанијата за која лобира поранешниот специјален пратеник на САД за Косово, Џејмс Пердју.