Медведев: Ако цената на руската нафта се ограничи, барелот ќе оди на 300 долари

89

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска предупреди дека предлогот на Јапонија да ја ограничи цената на руската нафта на околу половина од сегашното ниво ќе доведе до значително помала понуда на нафта на пазарот, што може да ја зголеми цената на енергентот над 300-400 долари за барел, пренесува Ројтерс.
Коментирајќи ги извештаите за предлогот, кој наводно го претстави јапонскиот премиер Фумио Кишида, Медведев рече дека Јапонија „нема да има нафта ниту гас од Русија, ниту учество во проектот за течен природен гас Сахалин-2

Лидерите на Г7 минатата недела се согласија да ја истражат можноста за воведување привремени ограничувања на увозните цени на руските фосилни горива, вклучително и нафтата, во обид да ги ограничат руските извозни приходи за финансирање на нејзината воена кампања во Украина.